Црквата Света Богородица

Црквата Света Богородица се наоѓа на источната страна од градот. Црквата ја изградило немнозинското влашко население во периодот 1874 - 1905 година, по што е позната и уште како Влашка црква. На завршните работи на црквата работела тајфата на прочуениот мајстор Дамјан, синот на Андреја Дамјанов, еден од најистакнатите градители на сакрални објекти на Балканот. За прв парохиски свештеник бил поставен Димитриј Бога, член на семејството Бога.