Манастирот Свети Јован Крстител

Манастирот Свети Јован Крстител се наоѓа на 25 км северно од Велес во близина на патот кон Скопје, на падините под селото Ветерско. Се претпоставува дека манастирот е изграден во 1670 година. Според написите на големиот македонски преродбеник Јордан Хаџи Константинов - Џинот, овој сакрален објект во средината на 19 век, поседувал голема библиотека со ракописии, печатени книги што укажува дека во манастирот престојувале монаси кои препишувале црковни текстови, собирале ракописи и укоричувале книги што се користеле за културно и просветно издигнување на самите калуѓери и месното население.