Велес под Османлиска Власт

 

 

Кон крајот на 14 век, најголемиот дел од Македонија паднал под османлиска власт. Тогаш (1395 г.) и во Велес била воспоставена османлиска власт. Поради мостот на реката Вардар, градот Велес од Турците бил наречен ќупури (мост,  град на мостови). За време на османлискиот период во Велес и неговата околина, населението пружало разни видови отпор против власта. Во 1598 г., при една побуна на населението против власта, во Велес бил уапсен и сурово погубен охридскиот архиепископ Варлаам.