Велешки илинденци

  

Велешани се гордеат со споменикот на велешките Илинденци, лоциран во центарот на градот, прв таков паметник во Македонија. Споменикот е поставен помеѓу Градскиот саат и споменикот на Кочо Рацин, а посветен на велешките војводи, учесници во ослободувањето на Крушево и создавањето на славната Крушевска Република: Јован Наумов-Алабакот, Александар Димов-Докурчев и Тодор Христов - Офицерчето и на сите борци за слобода на Македонија. Монументалниот споменик е дело на академскиот скулптор Ангел Коруновски, излеан во бронза, тежок два тона и заедно со постаментот е вискок шест метри.