Спомен куќа на Касапови

На ул. Максим Горки бр.81 се наоѓа куќата на Касапови  што некогаш била куќа со најатрактивна архитектура, изградена кон крајот на 19 век. Куќата на Касапови  е исто така позната и како куќата што лебди. Таа е експонирана на голема карпа со мало дворно пространство и се состоела од приземје и кат коишто биле групирани во форма на Г, со северна и источна ориентација. Ентериерната обработка на просториите била натпросечна, што се должело на материјалната можност на сопственикот. Сите простории биле опремени со вградена покуќнина, раскошно обработени тавани и пластично декорирани врати.