Андреја Дамјанов

Еден е од најголемите градители на сакрални објекти на Балканот. Со своите браќа, мајсторот Андреја градел цркви во Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји на Балканот. Неговите цркви се сметаат за бисери на сакралната архитектура. За негова најубава и неповторлива градба се смета соборниот храм  Свети великомаченик Пантелејмон, во Велес, изграден во 1840 година. Дамјанов е градител на црквата во манастирот Свети Јоким Осоговски, кај Крива Паланка, како и на црквите Света Богородица во Ново Село, штипско, и Свети Архангел Михаил во Чичево. Андреја Дамјанов е ненадминат градител. Затоа Друштвото на архитекти на Македонија го носи неговото име.