Димитар Андонов – Папрадишки

Димитар Андонов - Папрадишки е роден во 1859 година во селото Папрадиште во близина на Велес. Тој потекнува од семејство кое со генерации наназад ги практикувало зографството, градителството и резбарството. На дваесет години веќе бил самостоен во својата работа како рамноправен член на зографската тајфа на татко му, кај кого и ги стекнал првите уметнички искуства. Во 1882/83 година ја посетува Художествената-иконографска школа во Киев и со успех ја завршува. Во 1887 година студира на престижната Московска академија. Се враќа во Македонија за да му помогне на своето многубројно семејство и се вклучува во зографските работи на татко му на црквите во Гевгелиско и Дојранско. Папрадишки е последниот зограф и првиот македонски сликар. Во својот близу еден век живот создал историја од која и денес учат современите сликари.