Грнчарство - Велешки бардак

 

 

Грнчарството го носи духот на Велес. Овој традиционален занает што успеал да преживее векови на предизвици и денес е симбол на градот. Во минатото со грнчарство се занимавале сиромашните семејства. Грнчар бил и Кочо Рацин, еден од најголемите македонски поети, кој грнчарството го сметал за најстара уметност. Грнчарството бара посебна умешност за мануелно обликување како и смисла за естетика. Глината се обработува рачно, со помош на грнчарско колце. Потоа изработените бардаци, стомни, тави, грнчиња се сушат и печат во специјални печки. На крајот се украсуваат со цртежи. Наспроти развојот на керамичката индустрија, традиционалните велешки грнчарски производи се уште се барани на пазарот.