Самарџии

Самарџискиот занает е еден од најстарите, кој е во опаѓање, но не е исчезнат. Најмногу е застапен во руралните средини и ќе постои се додека крупниот добиток се користи за носење товар. За правење самари мајсторите користат дрво, јутено платно или аба, штавена јагнешка кожа и слама. Самарџиите не користат машини за шиење, ниту столарски алат за обработка на дрвото, туку само тесла и специјален нож за стругање на дрвените делови.