Четврт ден - прошетка по реките Бабуна и Тополка

Четвртиот ден препорачуваме да ја разгледате околината на Велес и прошетате во природа. Појдете на југ по текот на Вардар, патот кон Градско. На излезот од Велес по црквата Свети Димитрија од десната страна е утоката на реката Бабуна (1) во Вардар. По текот на Бабуна (во областа Пешти (2)) има околу 50 пештери и неколку пештерски цркви меѓу кои Маркова пештера, пештерата Макарковец. Со сите свои одлики и впечатливиот природен амбиент, надополнет со чистата планинска вода на Бабуна и Тополка (3), клисурата Пешти е прогласена за карактеристичен природен пејзаж за кој морате да одвоите барем еден ден и да поуживате во него.