Петти ден - прошетка околу езерото Младост

 

Петтиот ден препорачуваме да ја разгледате околината на Велес и прошетате во природа. Најблиското место каде што се рекреираат велешани е езерото Младост - вештачка акумулација толку убаво вклопена во природата што дури ги примила особеностите на природните езера. Езерото, богато со живот, го опкружуваат борова шума и угостителски објекти со извонредни рибни и велешки специјалитети. Неговата близина до автопатот Велес - Гевгелија го прави идеално место за развој на транзитниот туризам. Во моментов, крајбрежјето на езерото е честа дестинација на кампери и на љубителите на риболовот. Околината на езерото изобилува со шуми и зеленило што придонесува за неговиот статус на пријатно место за одмор, рекреација, велосипедизам и пешачење.

 

Изградено: 1962-1963
Површина на езерото: 52 ха
Количина: 12.000.000 м3 вода
Надморска височина: 250 метри
Рибен фонд: сом, крап, смуѓ, црвеноперка, белвица, сунчаница, бел и жолт амур...; речен рак и речна школка.