Црквата Свети Пантелејмон |
Храмот Свети великомаченик Пантелејмон, се смета за еден од бисерите на сакралната архитектура на Балканот. Во 1840, под ридот Вршник, ја изградил големиот градител Андреја Дамјанов со своите браќа. Црквата е трибродна базилика со големи димензии и пространа галерија од сите страни на катот. Дел од декоративните елементи се изработени во византиски стил, а дел имаат обележје на барок. Црквата е позната по прекрасната акустика добиена како резултат на вградувањето на грнчарски производи во ѕидовите како и користење на лушпи од јајца во малтерот. Од 2009 година Свети Пантелејмон е прогласен за светец заштитник на градот Велес.
|