Црквата Свети Спас

 

Свети Спас е црква изградена во подножјето на ридот Свети Илија. Се претпоставува дека потекнува од 14 век, а е обновена во 19 век. Последните зографски работи ги извел прочуениот велешки зограф Ѓорги. Во јужниот дел од црквата се наоѓаат гробници на видни граѓани, добротвори на црквата. Во дворот на црквата е и гробот на преродбеникот Јордан Хаџи Константинов - Џинот. Иконите и иконостасот во црквата по големина се еднакви и претставуваат симетрично декоративна целина. Иконата на Ное потекнува од 1817 година. Иконата на свети Петар и Павле датира од 1819 година. Камбанаријата не е постара од 1912 година.