Црквата Свети Кирил и Методиј

Црквата Свети Кирил и Методиј се наоѓа во центарот на градот, во Младинскиот парк и е дело на архитектот Тодор Паскали од Охрид. Таа е со византиски стил, еднокорабна со кршен камен и камбанарија, која е надвор од објектот. По сто и педесет години откако во Велес е изградена последната црква, повторно се градат храмови. Иконостасот во велешката црква има димензии од 10 метри и висина 5 метри и е од парено ореово дрво, а е изработен од познатиот македонски копаничар Љубомир Бисин. Иконостасот е со библиски мотиви. Црквата, според архитектонскиот израз, претставува еден од највеличествените сакрални објекти.