Црквата Света Петка

 

Црквата Света Петка се наоѓа на излезот од Велес, во правец кон југ, од десната страна за патот кон Гевгелија. Ова здание првин беше параклис, за некаде во деведесеттите години од минатиот век да се преуреди и догради во помала црква. Од кога датира параклисот не е точно утврдено. Особено е впечатлива внатрешноста на црквичката во која се наоѓа природен извор на вода за која велешани веруваат дека има исцелителна моќ.