Црквата Свети Никола

Малата црквичка Свети Никола е доградена на околу стотина метри јужно од манастирот Свети Димитрија, надвисната над самиот пат. Набљудуван од надворешна страна, овој храм повеќе наликува на одбранбена тврдина отколку на сакрален објект. Според фреските на ѕидовите, се претпоставува дека црквата потекнува од 14 век. Црквата Свети Никола, е сукцесивно реновирана. Последното реновирање е извршено во 1921 година. Над црквата се наоѓа гроб во кој се закопани деветмина калуѓери.