Панко Брашнар

Поставен е во новиот дел на градот на плато во непосредна близина на гарнизонот Алексо Демниевски - Бауман. Со пропорционална фигура споменикот го отсликува делото на големиот македонски револуционер и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, Панко Брашнар. Споменикот, поставен во 2004 година, е дело на академскиот скулптор Петар Хаџи Бошков. Изработен од блок од мермер, со постаментот споменикот е висок над четири метри. Идејата на скулптурата е да покажува повеќе фази од животот и делото на Панко Брашнар.