Спомен куќа на Кочо Рацин

 

Куќата на еден од најголемите поети во периодот помеѓу двете светски војни Коста Солев Рацин во 1962 година е целосно реставрирана. Приземјето е изградено од камен, на катот доминира фасада со бела боја, а покривот е висок и покриен со ќерамиди. Двокрилна порта од дрво води во тремот решен како мал простор кој ги спојува катот, фурната, чардаците и грнчарската работилница. Работилницата има голема површина, а во нејзинот под има мала скривница. Чардакот на куќата е споен со фурната. На спротивниот крај чардакот со скали води кон повисок чардак. Во спомен-куќата на Рацин денес се наоѓаат негови оригинални ракописи и голем број други спомени за неговиот живот и дело.