Спомен куќа на ЈХК - Џинот

Куќата на еден од најзначајните македонски просветители и преродбеници Јордан Хаџи Константинов - Џинот е изградена на левата страна на реката Вардар, во велешкиот сокак. Куќата се одликува со специфична сатроградска архитектура во која доминираат ѕидови од кршен камен, жолта фасада, дрвени столбови и дрвена ограда со тробозани. Чардакот е динамичен, на три нивоа и во квадратна форма се надвиснува над високиот камен. Поради специфичната староградска архитектура и историското значење на куќата на еден од најголемите преродбеници, Министерството за култура и Заводот за заштита на спомениците на културата оваа куќа ја прогласија за споменик на културата.