Спомен куќа на Васил Главинов

Спомен - куќата на првиот пропагатор на социјалистичките идеи во Македонија Васил Главинов денес е музеј посветен на неговиот живот и дело. Куќата се смета за еден од најубавите белези на старата велешка архитектура. На првиот кат од куќата се наоѓа чардакот кој од левата страна продолжува во гостинска одаја. Од десната страна на чардакот има две други простории. Гостинската одаја има врата со правилна форма. Прозорците се со хоризонтални и вертикални пречки, а завршуваат во барокна форма. На вториот кат се наоѓа чардак со неправилна форма.