Јордан Хаџи Константинов - Џинот

Џинот е значаен просветител и преродбеник во историјата на македонскиот народ. Роден е во Велес во 1821 година и четири децении од својот живот посветил на заложбите за воведување просвета на народен јазик. Го отворил првото бесплатно училиште во Велес. Во зачуваните историски записи е споменат како автор на првите драмски обиди и како прв македонски новинар. Негов прв авторски труд е Таблица перваја, внесена во употреба во 1845 година. Поради својата просветителска дејност често бил прогонуван. Починал во Велес во 1882 година. Погребан е во дворот на црквата Свети Спас. Велешкиот театар го носи неговото име, а неговата родна куќа денеска е спомен музеј.