Петар Поп Арсов

Истакнат македонски револуционер, основоположник на македонската револуционерна организација. Роден е во Богомила, во 1868 година. При престојот во Бугарија, каде што студирал, соработувал со голем број претставници на македонската интелигенција меѓу кои Крсте Петков Мисирков, Даме Груев, Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Во 1892 година тие ја развиле идејата за создавање на Млада македонска книжевна дружина која била посветена на македонската национална мисла и го издавала списанието Лоза. Петар Поп Арсов е автор на првиот Устав на Македонската револуционерна организација. Бил член на Тајната македонска револуционерна организација. Автор е на познати публикации. Во 1893 година во Солун ги поставил темелите на ВМРО.