Димитрија Чуповски

Димитрија Чуповски е еден од најистакнатите претставници на македонската национална мисла. Своето образование го започнал во Софија каде што соработувал со Крсте Петков Мисирков, еден од најзначајните македонски преродбеници. Од 1898 година, па сè до крајот на својот живот, живеел во Русија. Целиот свој живот Чуповски го посветил на македонската национална кауза, воден од идеите за независност на Македонија. Бил претседател на Македонското научнолитературно друштво кое го издавало списанието Македонски глас. Чуповски починал во Ленинград (сега Санкт Петербург), во 1940, а неговите посмртни останки во Македонија се пренесени во 1991.