Јован Наумов Алабакот

Револуционер и учесник во Илинденското востание. Роден е во 1870 година, во селото Ораовец, Велешко. Во 1901 и 1902 година е активен член на ТМРО во Одринско. Јован Наумов- Алабакот учествувал во најтешките востанички акции во текот на Илинденското востание. Началството на Крушевскиот востанички регион му ја доверил командата над Вториот крушевски одред кој броел 60 востаници. Загинал во Кичевско, во борба со турскиот аскер.