Андреја Димов Докурчев

Роден е во Велес во 1878 година. Се школувал во Солун. Како член на ТМОРО бил комита во четите на А. Ј. Ќосето и на М. Попето. Во 1901/1902 година станал војвода на чета во Одринско, а потоа и околиски војвода на Горноџумајско и член на Струмичкиот револуционерен комитет. Учествувал во ликвидирањето на злогласниот бег од с. Мурулово, Кукушко, и во грабнувањето на мис Стон. За време на Илинденското востание бил војвода на Првиот одред во Крушевскиот револуционерен реон и учествувал во заземањето на Уќуматот, поштенско-телеграфската станица и Општината во Крушево. Загинал во борба со османлиската војска кај с. Белица, Кичевско, во 1907 година.