Велешките Гемиџии

Кон крајот на 19 век, под влијание на нихилистичко - анархистичките идеи, во Македонија е формиран т.н. Гемиџиски кружок. Со цел да го свртат вниманието на Европа кон македонското прашање, во периодот од 24 до 28 април 1903 година, Гемиџиите извршиле напад на бродот Гвадалкивир во солунското пристаниште, ги прекинале цевките на гасоводната инсталација во Солун и ги нападнале Отоманската банка, Австроунгарската пошта во градот и извршиле диверзија на телеграфската станица. Најголемиот дел од Гемиџиите се велешани, интелектуалци - трговци и студенти, синови на чорбаџии.