Миле Поп Јорданов

Миле Поп Јорданов (1877-1901) е македонски револуционер и просветен деец, учесник во македонското револуционерно движење, член, секретар и војвода на Македонската револуционерна организација, брат на познатиот велешки гемиџија Јордан Поп ЈордановОрцето и на Петар Поп Јорданов. Загинал под трагични околности како жртва на непријателска заседа во родниот град. Во негова чест е испеана познатата народна песна, Болен ми лежи Миле Поп Јорданов, која денес е и официјална химна на градот Велес.