Панко Брашнар

Панко Брашнар е еден од најголемите македонски револуционери, учител, идеолог и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е во Велес, во 1883 година. Брашнар ги доживеал најтегобните мигови од македонската историја, од илинденските настани до балканските и двете светски војни. Избран е за народен пратеник и претседавач на Првото заседание на АСНОМ и член на АВНОЈ. По неколку години работа во штотуку организираната држава тој бил приведен како приврзаник на ставовите во Резолуцијата на Информбирото. Прогласен е за непријател на власта и испратен на злогласниот остров Голи Оток каде што починал на 13 јули 1951 година. Денес, во неговиот роден Велес е подигнат споменик посветен на животот и делото на Панко Брашнар.