Коле Неделковски

Еден од најистакнатите литературни творци во периодот помеѓу двете светски војни е роден во 1912 година во селото Војница, Велешко. Поезија започнал да пишува најпрвин како ученик во велешката гимназија. Љубовта кон литературата Неделковски ја развил благодарение на неговиот чичко Илија Војницалија и самиот поет со богата домашна библиотека. Како поборник против неправдите што се нанесувале на работничката класа, Неделковски своето творештво и животот му ги посветил на напредното синдикално движење. Во Бугарија Неделковски ја објавил својата прва песна Стојан Војвода (Стојан на Ордановци). Автор е на стихозбирката, М’лскавици, која се смета за континуитет на трендот на поезија на македонски литературен јазик, инспирирана од патриотски чувства како и на книгата, Пеш по светот. Коле Неделковски е убиен од полицијата во Софија во 1941 год.