Ѓорѓи Шоптрајанов

Д-р Ѓорѓи Шоптрајанов, е велешанец кој како голобрадо момче го напуштил родниот Којник и жеден за наука заминал во Париз, неговото огниште. За заслугите во областа на романистиката и бројните лексикографски трудови е одликуван со орден, Легија на честа, од француската држава. Како момче, додека престојувал во Белград, другарувал со Кочо Рацин и другите напредни идеолози од студентската младина. Тој е еден од основачите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, и Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски во Скопје. Во многу области значаен, по секој свој научен поход се враќа во Велес да собере сили за нови, повисоки дострели. Во 2000 година Општината Велес го прогласи Ѓорѓи Шоптрајанов за свој почесен граѓанин. Наградата Најстудент, што секоја година ја доделува Општината Велес, го носи неговото име.