Петре Прличко

Петре Прличко е најголемиот меѓу актерите во историјата на македонската театарска и филмска уметност. Роден е во Велес како Перица Алексиќ во 1907 година. Магијата на театарот го обзема во 1923 година кога во Велес пристигнува патувачкиот театар на Мијхало Лазиќ. Својата седумдецениска театарска приказна ќе ја започне токму со патувачките театри за подоцна во 1930 година, да го основа сопствениот театар Плава птица или како што подоцна ќе го нарече Боем. Од тогаш па се до крајот на својот живот одиграл 500 претстави. Петре Прличко го освои и светот на филмот, почнувајќи од првиот македонски филм Фросина до незаборавната улога на Манданата во филмот Мис Стон. Оствари вкупно педесетина филмски и дваесетина телевизиски улоги. Почина во 1995, во 88-та година од животот. Неговиот роден Велес во негова чест востанови актерска награда за животно дело, Петре Прличко.