Живко Фирфов

Живко Фирфов (Велес, 1906 - 1984), македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец. За својата богата музичка активност има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и почесен доктор на Географското здружение од Колумбија, САД, во 1955 година. Музичка школа завршил во Белград во 1931 година. Во 1939 година ја објавил својата прва етномузиколошка студија во списанието Музика, за интерпретација на македонската народна песна и за мелографската постапка при нејзиното собирање. Особено бил ангажиран во создавањето на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија, Танец.