Меѓународен фолклорен фестивал- Велес

Долгата традиција на негување на македонскиот фолклор во Велес ги поттикна културните работници да го основаат Меѓународниот фолклорен фестивал - Велес. За првпат фестивалот се одржа во 2004 година со учество на фолклорни ансамбли од Македонија, Бугарија, Словенија, Србија и Црна Гора. Фестивалот го привлече интересот на јавноста со богатиот фолклорен колорит на народите и убавината на народното музичко творештво што фолклорните ансамбли ги презентираат на повеќе локации во градот. Особено внимание кај посетителите привлекува дефилето на учесниците на Фестивалот низ велешките улици. Статуетка што се доделува на фестивалот: