Сликарска копаничарска колонија- Папрадишки мајстори
Сликарско - копаничарската колонија - Папрадишки мајстори, која порано се одржувала во селото Папрадиште, е преселена во Велес во спомен-куќите на Јордан Хаџи Константинов-Џинот и Касапови кои се целосно реновирани. Ова е единствена колонија што се одржува на територијата на Велес во организација на Општината. Целта на Колонијата е промоција на Велес како културно место со традиција и вредности. Важно е што најголемиот градител Андреја Дамјанов, кој со неговата тајфа градел не само во Велес, туку и на Балканот, потекнува од Папрадиште. Првиот сликар и последниот зограф Димитар Андонов - Папрадишки потекнува токму од таму, исто како и прочуеното семејство Зографски. Карактеристично за нив е што нивните дела биле познати и на Балканот, затоа и - Папрадишки мајстори, има меѓународен карактер. Уметниците доаѓаат овде со задоволство, а некои од нив секоја година се присутни. Дел од делата на Папрадишките мајстори: