Љубомир Бисин

Иконостасот во велешката црква Свети Кирил и Методиј, со димензии од десет метри должина и пет метри висина, е дело на копаничарот Љубомир Бисин.  Неговата работилница е место каде што се изработени иконостасите уште на две цркви во Велес. Познавачите велат дека токму  изработката на иконостасите за секој копаничар претставува голема чест, бидејќи на тој начин остава свој печат во времето.  Љубомир Бисин со копаничарство се занимава десет години со максимално внимание, трпение и со многу љубов. Од неговите раце досега се изработени многу украсни резби и мебелот во Салонот за регистрација. Бисин е раководител на копаничарскиот дел на Сликарско-копаничарската колониија Папрадишки мајстори од 2005 година.