Сарачи

Сарачите изработувале целосна опрема за коњи. Познатата велешка сарачка чаршија - Безистенот, која се наоѓала на местото на денешниот Градски пазар, во минатото го добила името поради големиот број занаетчии сарачи кои работеле во неа. Денес овој занает е исчезнат.