Ноќен живот, забава и шопинг во Велес

Кафе-барови за дневна и за ноќна забава ќе најдете во центарот на градот на улицата Благој  Ѓорев, каде што можете да поминете пријатни моменти со вашите пријатели. Во зависност од вкусот за музика и во зависност од расположението можете да одберете каде ќе се забавувате и дружите. Од многуте кафулиња, барови и ресторани,  па се до најатрактивните клубови и дискотеки  во Велес забавата не запира во текот на целата седмица. Ноќниот живот е најдинамичен во летниот период кога секоја вечер клубовите, кафулињата и дискотеките нудат незаборавна забава. Во ноќните часови може да се ужива во богатиот спектар од забавни места во кои се слуша секаков вид музика. Во дискотеките како што се: Импакт и на Градскиот базен Снупи во Велес постојано гостуваат најпознатите домашни и странски диџеи. На повеќе места во градот може да се ужива во настапите на најпознатите локални музичари. Бутиците и продавниците во Велес, во поголемиот број, почнуваат со работа од 8 часот, а завршуваат со работа во 20 часот, од понеделник до петок. Исто така, некои од продавниците и бутиците работат и во саботите, обично до 16 часот. Начинот на плаќање е по ваш избор, скоро на секое продажно место има можност за плаќање со платежни картички или во готово. Некои од позначајните супермаркети во Велес се: супермаркетот Туш, Жито маркети, Кам маркет, Ани 96 и др. Во супермаркет Туш, паралелно со продажниот дел, функционираат и простории со угостителски и со забавни содржини, како, на пример, ресторан, кафуле, аптека, а се наоѓа на улицата Андон Шурков. Во состав на овој супермаркет, веднаш до него се наоѓа и бензинска пумпа каде што можете да се обезбедите со сите потребни работи доколку патувате.