Велешки специјалитети

Во Велес се подготвува каплама - тава со џигер и ориз, сарма од лозов лист и мусака со модри патлиџани, а од јагнешко месо се прави елбасан - тава чорба позната како чкето, но сепак најпознат велешки специјалитет е питата пастрмајлија

Пастрмајлија

Пастрмајлијата, по велешки пита, е јадење од меко печено тесто посипано со парчиња свинско месо, зачинето со пастрма и залеано со јајце.  Пастрмата порано се подготвувала околу Митровден, кога се колеле овци и кози. Поради немањето современи уреди за одржување на храната, месото се ставало во каче (буренце) со солило, каде што стоело со месеци. Пред правењето на питите се миело со вода (се отсолува) и се редело на греди над огништето за да се суши. Тајната на тестото, велат гастрономите, е во начинот на печењето: се пече во фурна, на многу висока температура, кратко време. Спаѓа во богатите зимски јадења и затоа порано било достапно само во зимскиот период. Бидејќи сега е туристичка атракција на градот, можете да ја добиете во рестораните во секое време. Во чест на пастрмајлијата секоја година во организација на локалната самоуправа од Велес се одржува традиционалната манифестација „Велешка питијада”, на која можат да се дегустираат пити, вино и разни пекарски производи

Ѓозлеме

Стариот велешки специјалитет - ѓозлеме е уникатен и се подготвува во зима, бидејќи изобилува со повеќе калории. Тоа се кори прошарани само со свинско месо. Со него се пие црвено вино или јогурт.